Connect with us

Фудбал

Реал Мадрид ќе пушти потполно бесплатно тројца фудбалери?!

Реал Мадрид како и сите европски клубови има финансиски проблеми. „Кралевите“ се во големи долгови, а за да ги ублажат последиците од коронавирусот, ги намалија платите на фудбалерите.  Идентитчен план имаат и за следната сезона. Но, речиси сите играчи, освен Лука Модриќ одбиле да им бидат намалени платите.

Сепак, некои од нив наредната сезона нема да го носат дресот на Реал Мадрид, иако се врзани со договор со клубот. Но, раководството е подготвено да се откаже од нив и да ги пушти бесплатно поради високите плати кои ги имаат.

Па така, како што пишуваат шпанските медиуми, клубовите кои се заинтересирани за Бејл, Марсело и Иско нема да треба да платат ниту едно евро за нив доколку сакаат да ги ангажираат. Бејл е на позајмица во Тотенхем, а за Марсело и Иско има интерес од италијански тимови.