Connect with us

Фудбал

Реал Мадрид на шопинг во Англискиот Чемпионшип

Актуелниот шампион на Шпанија, Реал Мадрид речиси ја изгуби битката со Барселона за Ла Лига титулата, но спремни се да ги поправат грешките од летниот преоден рок.

„Диарио АС“ пишува дека европскиот шампион сезонава испратил скаути да го следат 17-годишниот Рајан Сесењон од екипата на Фулам.

Реал Мадрид го следел на неколку натпревари и скаутите биле импресионирани од квалитетите на дефанзивецот. Тој игра на позицијата лев бек и веќе има одиграно 56 натпревари за тимот што се натпреварува во Чемпионшип дивизијата или втората по ранг фудбалска лига во Англија.

Од Фулам велат дека се расположени за продажба, ако дојде понуда од 30 милиони евра. Играта на овој млад англиски репрезентативец ја следат и премиерлигашите како Тотенхем и Манчестер јунајтед.