Connect with us

Фудбал

Реал Мадрид подготвува „бомба“, Перез не прашува за цената, Сити и Ливерпул немаат шанси!

Кралскиот клуб “имаше намера да донесе големо засилување во средниот ред. Низ историјата се покажа дека она што го сака Реал Мадрид – тоа е она што го добива – па кога се појавија информации дека се заинтересирани да го доведат Џуд Белингем, шансите на Манчестер Сити и Ливерпул паднаа драстично кои дотогаш важеа за фаворити за потписот на талентираниот Англичанец.

Се чини дека претседателот на клубот Флорентино Перез реши да ги израдува своите навивачи во 2023 година бидејќи нареди целото внимание да биде насочено кон ѕвездата на Дортмунд и да не прашува колкава е цената.

Мадридскиот весник „Ас“ пренесува дека Белингем би можел да стане најскапиот фудбалер во историјата на Реал Мадрид, не да ги надмине само Герет Бејл, Кристијано Роналдо, туку Еден Азар, кој е рекордер со 115 милиони евра.

Неофицијално, Реал Мадрид полека го „стега кругот“ околу Џуд Белингем и веќе е договорена средба со младиот фудбалер и неговиот татко за 6 јануари. На тој состанок Реал Мадрид ќе ја претстави својата визија за иднината во која го гледа Белингем како стартер во средниот ред покрај Феде Валверде и Едуардо Камавинга, додека „пензионирањето“ на Модриќ и Крос, кои мајсторски го носеа тимот повеќе од една деценија, полека се подготвува.

Белингем веќе изрази желба да го напушти Дортмунд ова лето и сега се очекува само Реал Мадрид да се договори за обештетување со „милионерите“, а најверојатно зделката нема да биде склучена под 140 милиони евра.

Тоа е повеќе отколку што планираа да понудат Ливерпул и Сити, а јасно е дека Белингем ќе добие астрономска плата. Реал нема страв од тоа, подготвен е да плати колку што тој бара, додека во Дортмунд се обидуваат да заработат што повеќе од својата ѕвезда, која пред само три години ја доведоа од Бирмингем за 25 милиони евра. Тогаш многумина се посомневаа во проценката, бидејќи на тинејџер од второлигаш му платија многу пари.

Инаку, Белингем за Дортмунд одигра 112 натпревари и придонесе со 19 голови и 21 асистенција.