Connect with us

Фудбал

Реал Мадрид подготвува неочекуван трансфер летово?

Реал Мадрид ова лето сигурно ќе направи големи промени во играчкиот кадар.

Многумина сметаат дека е дојдено време кралскиот клуб да направи смена на генерации, бидејќи повеќето играчи десет години се костурот на стартната постава на шпанскиот клуб.

Флорентино Перез претходно најави дека Реал Мадрид ќе направи некои промени ова лето, а целта на кралскиот клуб е да доведе што е можно погласни засилувања на крајот од сезоната.

Секако, веќе е речиси јасно дека најголемото засилување ќе биде Килијан Мбапе, кој треба да дојде како слободен играч од ПСЖ.

Сепак, според медиумите во Шпанија, ќе има трансфери кои сигурно ќе ја изненадат фудбалската јавност. Наводно, Реал Мадрид покажал интерес и за левиот бек на Арсенал, Киеран Тиерни, кого би сакале да го видат на „Сантијаго Бернабеу“ ова лето.

Тирни оваа сезона игра во навистина добра форма во лондонскиот клуб и очигледно го привлече вниманието на некои европски великани.

24-годишниот фудбалер пристигна во Арсенал пред три години од Селтик за 27 милиони евра, а доколку Топџиите решат да го продадат, би можеле да инкасираат околу 50 милиони евра.

Тирни во досегашниот дел од сезоната одигра 25 натпревари во сите натпреварувања и успеа да постигне еден гол и да додаде три асистенции.