Фудбал
Реал Мадрид потсети на најдобрите денови
Реал Мадрид беше домаќин на Алавес во рамките на 20. коло од шпанската Ла Лига и славеше убедливо, со резултат 4:1.
Реал вечерва потсети на нивните најдобри денови под водство на Зинедин Зидан и се чини дека кризата стои зад „кралевите“, иако оваа сезона тие не демантираа секогаш кога најавувавме пораст на формата.
Но вечерва Реал без Зидан на клупата, кој е позитивен на коронавирусот, славеше без проблеми на гостувањето кај Алавес и го обезбеди второто место со 40 бода, но се доближи и до лидерот Атлетико кој има 44 бода.
Гостите од Мадрид ја решија работата во првите 45 минути. Касемиро погоди во 15. минута по центаршут на Крос, потоа Бензема во 41. минута на асистенција на Азар зголеми на 2:0, а потоа Азар се запиша во стрелците за 3:0.
„Заспаниот“ Алавес успеа да намали на 3:1 во 59. минута преку Јоселу, но за да избегне некакви возбудувања во финишот, Бензема се погрижи за тоа со нов погодок во 70. минута. Бензема има 10 голови во лигата и се наоѓа на списокот на стрелците зад Ен Несир, Меси и Суарез.