Фудбал
Реал Мадрид против Ал Аин во финалето на светското клупско првенство
Ал Аин од Обединетите Арапски Емирати против шпанскиот тим Реал Мадрид ќе биде финалето на овогодинешното светско клупско првенство кое ќе се одигра во сабота на стадионот „Зајед спортски комплекс“ во Абу Даби.
Реал Мадрид вчера го совлада составот на Кашима од Јапонија со 3:1. Стрелец на сите три гола беше Герет Бејл.
Претходно во второто полуфинале, Ал Аин сензационално ја совлада екипата на Ривер Плата и ја исфрли по изведувањето на пеналите. И покрај тоа што аргентинскиот тим важеше за голем фаворит на овој дуел, сепак, нема да може да се бори за светската круна која ја брани Реал Мадрид и има шанси трета година по ред да ја освои во своите витрини.
ТВ21