Connect with us

Фудбал

Реал Мадрид „тропна“ на вратата на Манчестер Сити, еден играч во фокусот

Одредени шпански медиуми пишуваат дека Реал Мадрид е заинтересиран во своите редови да го донесе Рахим Стерлинг од Манчестер Сити. Наводно во наредните денови ќе се обидат да преговараат за евентуален трансфер. Според истите тие медиуми Стерлинг не е задоволен со статусот во Сити, а од друга страна англискиот тим е подготвен да му понуди нов договор.

Стерлинг во Манчестер Сити пристигна во 2015-та година од Ливерпул, а за овој тим одигра 292 мечеви и постигна 114 голови, додавајќи 87 асистенции.