Connect with us

Фудбал

Реал Мадрид убедлив против Севиља

Со убедливи 5:0 екипата на Реал Мадрид го совлада тимот на Севиља во 16. коло од шпанската Примера.

Ова беше деветта победа за Реал Мадрид сезонава. Сите пет голови беа постигнати во првото полувреме.

Резултатот го отвори Начо во 3. минута, потоа стрелаше Кристијано Роналдо во 23. и 31. минута (пенал), Тони Крос погоди во 38. и конечните 5:0 ги постави Ашраф Хакими во 43. минута.

Со оваа победа Реал е на третото место со 31. поен, исто колку и Валенсија која е втора, додека лидер на табелата е Барселона со 36 поени.