Connect with us

Фудбал

Реал му даде договор на 16-годишниот син на својот починат играч

Хосе Антонио Рејез Лопез, 16-годишниот син на починатиот поранешен играч на шпанската репрезентација, го потпиша својот прв договор со Реал Мадрид. Пред само неколку дена го прослави својот 16-ти роденден. Синот на Хозе Антонио Рејес пристигна во фудбалската школа на Реал како 11-годишник, набргу откако неговиот татко трагично загина во сообраќајна несреќа. Фудбалскиот развој на младиот напаѓач го воодушеви раководството на клубот, кое му го даде првиот професионален договор.

Хозе Антонио Рејес имаше блескава кариера која ја изгради играјќи за Севиља, со која три пати ја освојуваше Лигата на Европа, Арсенал, каде беше дел од непоразениот тим во сезоната 2003/2004, Реал Мадрид со кој во 2007 г беше шпанскиот шампион, Атлетико Мадрид, со кој двапати ја освои титулата во Лига Европа…

Тој загина на почетокот на јуни 2019 година во сообраќајна несреќа. Првичните информации говореа дека несреќата се случила додека се возел со 220 км/ч, подоцна полицијата констатирала дека брзината на автомобилот била помеѓу 110 и 130 км/ч и дека до несреќата дошло поради дефект на воланот или на тркалото.