Фудбал
Реал му подготви на Роналдо договор од соништата, но можеби и тоа не е доволно?
Португалски „Record“ пред неколку дена објави информација дека Роналдо одлучил да замине од Реал, бидејќи Флорентино Перез не ни одговорил на неговото барање за да добие нови и подобар договор.
Меѓутоа шпанскиот новинар, Маноло Лама открил дека Реал за својот најдобра играч спремил нов и подобар договор, за да го усреќи Португалецот и да го спречи во намерата да замине од клубот.
Според неговите тврдења, платата на Роналдо би изнесувала 32.5 милиони евра. Роналдо би добил 25 милиони евра и плус 7,5 милиони евра бонуси.
Лама истакна дека бонусите ги добива на следниов начин: 2 милиони за освојување на Лигата на шампионите, 1.5 за освојување на Ла Лига, 1 милион за освојување на Купот на Кралот, и по еден милион за освојување на златната топка и за најдобар играч според ФИФА, а тука си и наградите за најдобар стрелец во Ла Лига (500.000), додека за настапите може да добие додатни 500.000 евра.
Роналдо досега заработуваше 21 милион евра, но наводно бара да биде платен приближно колку Нејмар во ПСЖ или Лионел Меси во Барселона, кои наводно заработуваат и до 40 милиони евра по сезона.
Лама тврди дека проблемот е тој што Роналдо не чувствува преголем мотив и предизвик, пари можи да заработува и во друг клуб, и со снимање на реклами.
„Ситуацијата е доста конкретна, но се може брзо да се сврти“, тврди шпанскиот новинар. Роналдо засега се спомнува како големо засилување на Манчестер Јунајтед, а некои сметаат дека уште ова лето ќе се врати на Олд Трафорд.