Фудбал
Реал не може да му парира на ПСЖ: Милионите го држат Мбапе во Франција?
Еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Килијан Мбапе, сè уште не знае во кој клуб ќе игра од следната сезона.
Не е тајна дека Реал Мадрид го сака одличниот француски репрезентативец, но се чини дека „кралскиот клуб“ нема да може финансиски да му парира на сегашниот клуб на Мбапе, ПСЖ.
Имено, според странските медиуми, ПСЖ му понудил на Мбапе нов договор, финансиски многу помоќен од она што Реал може да му го понуди.
Разликата е 15 милиони евра годишно, односно ПСЖ му нуди на Мбапе нов договор според кој ќе заработува 36 милиони евра годишно, додека Реал е подготвен да му понуди 21 милиони евра годишно, што е тоа што во моментов го заработува во Францускиот клуб.
Дали Мбапе ќе ја прифати понудата на ПСЖ и заедно со Нејмар ќе стане најплатениот фудбалер на овој клуб или дали ќе ја прифати понудата на Реал, треба да се знае наскоро.
Да потсетиме, на 17 натпревари одиграни во Лига 1, Мбапе постигна 14 погодоци, а додаде и шест асистенции.