Connect with us

Фудбал

Реал одреди милијарда евра за откупната клаузула за Бензема

Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема, официјално го продолжи договорот со клубот. Важноста на новиот договор е 30 јуни 2021 година, а клаузулата за предвремен раскин изнесува една милијарда евра.

Французинот е трет фудбалер на актуелниот европскиот и шпански шампион кој во изминатите недели долгорочно ја врза својата иднина со Реал.

Важечкиот договор на Бензема му истекува во 2019 година. Според медиумите во Шпанија, Французинот ќе добие 7,5 милиони евра годишна плата.

Претходно Иско и Даниел Карвахал ги продолжија договорите, исто како и тренерот Зинедин Зидан кој потврди дека се согласил на нов договор со клубот.