Фудбал
Реал поради Модриќ го тужи и Мијатовиќ !?
Шпанските медиуми објавија дека Реал Мадрид има намера да поднесе тужба против претставникот на Лука Модриќ за наводно преговарање со Интер.
Сите можности се дека хрватскиот репрезентативец ќе остане во “кралскиот клуб” и покрај бројните шпекулации дека би можел да премине во Интер.
Бидејќи шампионот на Европа веќе поднесе жалба до надлежниот орган на УЕФА, постојат гласини дека истото може да го направи и кон агентот на Модриќ, кој беше во преговори со другата страна.
Според информациите обезбедени од Радио Кадена сер, легендата на Реал Мадрид, Предраг Мијатовиќ може да биде предмет на тужба, бидејќи Модриќ го понудил на Интер.
Очигледно, Интер беше подготвен да му понуди шестгодишен договор на Хрватот, од кој четири години ќе го помине во Интер, а потоа последните две во кинескиот клуб Џансу Санинг.
Сепак, претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез не беше подготвен за ослободување на еден од најдобрите играчи додека не се активира клаузула за откуп од 750 милиони евра.