Фудбал
„Реал потроши многу пари за мене“
Еден Азар пристигна во Реал пред две години. Тој не играше. За тоа време, имаше повеќе вести за неговите повреди отколку за постигнатите голови, но Белгиецот вели дека сака да се врати во клубот за укажаната доверба.
Еден Азар вели дека е многу мотивиран на почетокот на новата сезона.
„Луѓето имаат чувство дека сум постојано повреден. Тоа е исто така точно. Но, ако ја погледнете целата моја кариера, нема играч кој одиграл толку натпревари за десет години колку што имав јас. Го правам она што треба да го направам. Работам со фитнес тренерот секој ден и мислам дека правиме добра работа пред почетокот на сезоната. Во овој момент, можам да кажам дека добро напредувам, иако се уште не сум 100 проценти“, рече Азар .
„Никогаш не е лесно кога си повреден. Сакате да играте, да помагате, но болката постојано доаѓа. Тоа е најлошото. Понекогаш е тешко да се разбере како ништо не помага, а вие правите се што е потребно“ , објаснува Азар.
„Реал потроши многу пари за мене и сакам да ги вратам на теренот. Потпишав петгодишен договор, првите две не беа многу добри, но имам уште три за да докажам дека вредам за тие пари и доверба. Се надевам дека се ќе си дојде на свое место, дека ќе станам едно утро и дека се ќе биде во ред. Чекам момент да докажам колку вредам“ , заврши Белгиецот.