Фудбал
Реал потврди нов случај на коронавирус меѓу играчите
Реал ќе биде без Тони Крос, кој е позитивен на коронавирус, во последниот натпревар од шампионатот.
Имено, фудбалерите на Мадрид потврдија дека Крос е позитивен, и дека нема да биде во комбинација за натпреварот против Виљареал.
Крос во неделата го пропушти и натпревар со Атлетик Билбао, бидејќи беше во изолација поради контакт со заразено лице.
Тој е во изолација од петокот.
Toni Kroos will MISS Real Madrid’s must win season finale against Villarreal with Covid-19 https://t.co/GBgugKZhz7
— Diazhub.com (@DiazHub) May 18, 2021
Кроса има договор со Реал до 2023 година и планира да го заврши.
Тој го најави и повлекувањето од репрезентацијата на Германија по завршувањето на Европското првенство.
Тони Крос одигра 101 натпревар за репрезентацијата на Германија, постигна 17 голови и го освои Светското првенство во 2014 година.