Фудбал
Реал се измачи: Со пресврт против Ал Џазира до финале на Светското клупско првенство
Реал Мадрид тргна жестоко од почеток и веќе во првите десет минути имаше дури пет големи шанси.
Сепак, одличниот голман на Ал Џазира, Али Хасиф, спаси гол бранејќи ги ударите на Роналдо, Бензема и Модриќ, а притисокот продолжи се до половината на првото полувреме.
Ал Џазира прв пат се закани во 22 минута, а казната за големите промашувања на „Кралевите“ стигна четири минути пред крајот на првиот дел, кога погоди Ромарињо за водство на Ал Џазира.
Веќе во осмата минута од продолжението Модриќ одлично му асистираше на Роналдо, кој со фантастичен удар го израмни резултатот.
Али Хасиф на почетокот на второто полувреме беше заменет од резервниот голман Ал Сенани, кој набргу се истакна бранејќи еден удар на Бензема.
Дека вечерва не му одеше на францускиот напаѓач доказ беа и следните две прилики, кога во два наврати ја погоди стативата.
Во 81 минута на негово место влезе Бејл и веќе во следната минута го доведе Реал во водство и со тоа го постави конечниот резултат 2:1.
Реал во финалето на Светското клупско првенство во сабота ќе игра против бразилскиот клуб Гремио.