Connect with us

Фудбал

Реал се намачи против Малага

Тимот на Реал Мадрид денеска славеше со 3-2 против Малага во натпревар од 12. коло од шпанската Примера на домашен терен.

Домаќините поведоа во 9. минута од натпреварот со голот на Бензема, а 9 минути подоцна Малага изедначи преку Диего Ролан.

Касемиро ги врати „Кралевите“ во предност во 21. минута и со резултатот од 2-1 екипите заминаа на полувреме. Резултатот го изедначи Чори Кастро во 58. минута.

Победничкиот гол за Реал Мадрид го постигна Кристијано Роналдо во 76. минута. Тој изведуваше пенал, кој што гостинскиот голман го одбрани, но Португалецот ја исправи грешката и постигна погодок.