Фудбал
Реал се откажа од Почетино: Невозможно е …
Маурисио Почетино нема да го преземе Реал Мадрид.
По заминувањето на Зинедин Зидан, кралевите останаа без тренер, а аргентинскиот стручњак стана главен кандидат за преземање на тимот.
Сепак, од доаѓањето на Почетино во Мадрид нема да има ништо. Шпанските медиуми денеска објавија дека претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, се откажал од ангажманот на Аргентинскиот тренер поради тешкотиите во преговорите со Даниел Леви.
Значи, Почетино нема да седи на клупата во Мадрид. Раководството на европските шампиони се движи во потрага по наследникот на Зинедин Зидан, а многу имиња се поврзуваат со клупата на Реал.
Макс Алегри, Јирген Клоп, Маурицио Сари, Мајкл Лаудруп се кандидати кои треба да се споменат, а одлуката треба да се донесе на почетокот на неделата.