Connect with us

Фудбал

Реал во новата сезона со нов напаѓач, а неговата порака ги воодушеви сите во Мадрид

Раул Де Томас се враќа од позајмица и ќе биде на располагање на тренерот на Реал Мадрид, Жулиан Лопетеги во наредната сезона.

Де Томас минатата сезона играше на позајмица во Рајо Ваљекано, но после добрите игри доби повик да се врати во Реал.

Со 24 голови во дресот на Ваљекано, широко си ја отвори вратата на „Сантијаго Бернабеу“ и ќе биде во тимот на Лопетеги, а поранешниот селектор на Шпанија и тоа како знае за каков играч се работи.

„Сите ние имам сонови. Мојот започна кога имав осум години и се придружив на овој клуб. Знаев дека секој чекор кој ќе го направам ќе го направам се до денеска. Ќе ме води до остварување на мојот сон, а тоа е да бидам играч на Реал Мадрид“, кажа Де Томас.

Сега младиот напаѓач се надева дека Лопетеги често ќе го користи во наредната сезона и дека на вистински начин ќе докаже зошто го носи дресот на „Кралскиот“ клуб.