Connect with us

Фудбал

Рече дека не е играч за Барселона, па се предомисли: „Тој е како подарок од небото за нас“

Синоќа Барселона на домашен терен убедливо со 4:0 ја победи Осасуна.

Каталонскиот клуб одигра уште еден многу добар натпревар и повторно покажа дека полека се враќа во вистинската форма во која сме навикнати да ја гледаме Барселона.

Барса без многу мака пред своите гледачи успеа да ја совлада Осасуна со 4:0 и со тоа да се врати на третата позиција со три бода.

Два гола на синоќешниот натпревар постигна Феран Торес, а по еден додадоа Пјер-Емерик Обамејанг и Рики Пуиг. Обамејанг се покажа како големо засилување бидејќи ова веќе беше негов шести гол за само еден месец.

Чави ги пофали игрите на Габонецот по натпреварот и рече дека неговото доаѓање во клубот е подарок од небото бидејќи Ауба пристигна како слободен играч откако го раскина договорот со Арсенал.

„Обамејанг е подарок од небото. Тој е позитивен, вреден и добро се вклопува во соблекувалната. Привилегија е да го тренирам“, изјави тренерот на Барселона по натпреварот.

Чави ја смени приказната за Обамејанг бидејќи еднаш изјави дека не е вистински играч на Барселона и дека нема да се вклопи во играта на каталонскиот клуб, но Габонецот на најдобар начин му покажа колку погрешил.

Уште еден одличен натпревар одигра Усман Дембеле, кој сите 90 минути ги мина на теренот.

„Осман Дембеле е фудбалер кој прави огромна разлика на теренот. Денеска повторно покажа колку е добар играч. Се надевам дека луѓето ќе видат колку дава од себе секогаш кога ќе добие шанса да игра и нема причина за дебата за неговата посветеност“, додаде Чави.