Ред Бул го претстави болидот за новата сезона и целосно ја збуни јавноста, но и својот пилот

Екипите во Формула 1 се подготвуваат за почетокот на новата сезона.

Новата сезона во Формула 1 започнува за еден месец со трката за Големата награда на Австралија. Неколку екипи веќе воведоа нови автомобили, а денес и Ред Бул го стори истото.

После Мерцедес и Ферари, и Ред Бул го претставија изгледот на новиот автомобил и ги збуни своите фанови. Поточно, болидот на Ред Бул изгледа скоро идентичен со оној од минатата сезона.

Тимот направи само неколку измени кои не се видливи на прв поглед. Но, во презентацијата, тие детално објаснија какви промени се направени, иако автомобилот изгледа скоро идентичен, како што коментира возачот на овој тим, Алекс Албон.

Фановите сметаа дека има грешка во објавувањето на фотографиите, но од Ред Бул потврдија дека станува збор за новиот болид, и дека не смениле многу кога станува збор за надворешниот изглед.