Фудбал
„Редси“ повторно беа шокирани, Барнли го замрзна „Енфилд“
Во рамките на 18. коло на Премиер лигата, се натпреваруваа Ливерпул и Барнли, а гостите славеа со минимални 0:1.
„Редсите“ имаа поголем посед на топка. Тие создадоа неколку можности во првото полувреме. Се издвојуваат обидите на Шаќири и Тијаго, но Попе добро се бранеше.
Во 43. минута беше најдобра шанса за домашниот тим. По грешката на Ми, Ориги имаше еден на еден со голманот на Барнли, но ја погоди конструкцијата на голот.
Во продолжение, Ливерпул е првиот кој се закани, но итриот обид на Трент во 54. минута го спречува големиот Попе. И Барнли се закани во 70. минута преку Барнс, брилијантно интервенираше Алисон.
Во 83. минута шок на „Енфилд“. Алисон го сруши Барнс и беше досуден пенал за гостите. Сигурен стрелец беше Барнс за 0:1 во корист на Барнли.
Освен ова што е петти натпревар по ред без триумф и четврти без погодок, „црвените“ претрпеа пораз во лигата на „Енфилд“ по скоро четири години.