Фудбал
„Редсите“ сè уште чекаат милиони евра од Барселона за трансферот на Кутињо
Веќе не е тајна дека Барселона е во голема финансиска криза, но информациите кои доаѓаат од Шпанија денес ги запрепастија сите фанови на овој клуб.
Имено, Барселона сè уште не го платила целосно Ливерпул за трансферот на Филипе Кутињо, кој пристигна на Ноу Камп на крајот на 2018 година.
Според финансискиот извештај на каталонскиот клуб, Барселона му должи на Ливерпул нешто повеќе од 29 милиони евра за бразилскиот фудбалер.
Да потсетиме, Барселона и Ливерпул постигнаа договор според кој шпанскиот клуб е должен да им исплати на Црвените 120 плус 40 милиони евра отштета, а Кутињо потпиша договор со Барселона до летото 2023 година.
Оваа сезона, бразилскиот фудбалер одигра 12 натпревари во шампионатот за Барселона, постигна два гола и додаде две асистенции.