Фудбал
Рекорден број на меѓународни трансфери, агентите се големите добитници
Рекорден број на меѓународни трансфери објави ФИФА во изминатиот летен преоден рок. Клубовите потрошија вкупно 4,35 милијарди фунти за нови засилувања. Куриозитет е што 10% од импресивната сума отишла во рацете на агентите.
Финализирани меѓународни трансфери се 9717. Документите се обработуваат за уште 417, така што за прв пат бројот на трансфери ќе надмине 10 илјади.
Record transfers in football this summer says FIFA report https://t.co/WLVLKcp29l
— Business News (@Busines65959783) September 9, 2022
Претходниот рекорд за најголем број меѓународни трансфери беше поставен во 2019 година – 9.092. Тогаш рекорд беше поставен и во женскиот фудбал.
Со толку многу зделки, логично е дека фудбалските агенти се профитабилни. Тие собрале 9,9% од споменатата сума од 4,35 милијарди. Околу 435 милиони отидоа во рацете на агентите. За споредба, лани сумата била 371 мил.
Кога станува збор за трансферите, лидери се екипите од земјите членки на УЕФА. Имаат вкупно 6.500 трансфери. Големиот број трансакции може да се објасни со нормализирањето на животот по пандемијата COVID-19. Сериозна сума пари испрскаа и премиерлигашите. Вкупно потрошиле речиси 2 милијарди на 422 играчи.
Француските, италијанските, шпанските и германските клубови потрошиле околу 1,7 милијарди на меѓународни трансфери.
Тие се најпрофитабилни во Франција. Клубовите само во летниот преоден рок остварија приход од 537 милиони.