Connect with us

Други спортови

Рекордно 17. четвртфинале за Новак на РГ!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на Ролан Гарос победувајќи го Хуан Пабло Вариљас во три сета. Ѓоковиќ фуриозно стигна до пласман во четвртфиналето – 6:3, 6:2, 6:2.

Ѓоковиќ во четвртфиналето на РГ ќе игра против Русинот Карен Хачанов, кој во четири сета беше подобар од Лоренцо Сонего. Тоа ќе биде 10-ти меч меѓу Новак и Карен.

Новак ништо не остави на случајноста против 94. тенисер во светот против кого игра првпат во кариерата.

Мечот траеше само еден час и 59 минути, а првиот сет го одбележаа два брзи брејка на Новак.

Вариљас имаше одговор на едно, но тоа беше се што можеше да направи.

Новак продолжи со исто темпо и во вториот сет, но уште поубедливо – на ривалот му дозволи само два гема и повторно двапати му одзеде сервис.

И последниот дел од играта изгледаше исто, а Вариљас не успеа да ja отежне работата на третиот тенисер во светот.

Новак по 17-ти пат во кариерата се пласираше во четвртфиналето на Грен слем на земјена подлога, што го прави рекордер.

Српскиот тенисер ја брка својата 23. Грен слем титула на Ролан Гарос – тој и Надал моментално се изедначени по бројот на тие трофеи (22).

Зад Вариљас е РГ за паметење – во пет сета во главниот ждреб ги победи Шанг , Баутиста-Агут и Хуркач и се пласираше во осминафиналето.

Новак Ѓоковиќ се бори за 23. Грен слем титула во Париз, што би го направило независен на чело на вечната листа во овој поглед, бидејќи сега е изедначен со Рафаел Надал со 22 трофеи . Ѓоковиќ досега двапати го освои отвореното првенство на Франција – триумфираше во 2016 и 2021 година.