Connect with us

Фудбал

Реми на Валенсија и Атлетико, ремек-делото на Родриго

Атлетико Мадрид го презеде водството на Местаља против Валенсија, но домаќините успеаа да постигнат гол за изедначување на резултатот.

Атлетико тргна агресивно, а во 26. минута дојде до водство преку Кори, по одличното додавање на Гризман.

Во 56.минута, Вас со одлично додавање до Родриго, кој успеа да направи прием на градите и постигна гол за 1:1.

Валенсија играше со формација (4-4-2): Нето; Пикини, Гарај (Играиро 67′), Паулиста, Гаја; Солер (Батчуај 76′), Парејо, Кондогбија, Вас; Родриго, Мина (Диакаби 67′).

Атлетико Мардид играше со формација (4-4-2): Облак; Филипе, Годин, Савиќ, Хуанфран; Лемар (Витоло 63), Саул, Коке, Кореја (Томас 81 ‘); Гризман (Мартинс 72 ‘), Коста.