Фудбал
Реми на Вардар на „домашен“ терен против Шкупи
Во рамките на 1/8 финалето во купот на Македонија, екипите Вардар и Шкупи одиграа нерешен натпревар со резултат 1-1.
Екипата на Шкупи дојде во предност преку Ален Јашарооски, уште во 8.мата минута од натпреварот.
Вардарци долго се мачеа да ја анулираат негативата, а тоа конечно му успеа Тигран Барсегјан, кој во 57.минута со ефектен погодок го израмни резултатот на 1-1. За Ерменецот, тоа беше петтиот гол сезонава во прволигашката конкуренција.
Реванш мечот меѓу Шкупи и Вардар ќе се игра на 17 декември по што ќе биде познат противникот на Шкендија во четвртфиналето.
Инаку овие два тима в недела ќе го одиграат мечот од редовното 18.коло во Првата лига.
Потсетување дека вчера пласман во полуфиналето на Купот на Македонија обезбедија, Пелистер, Академија Пандев и Ренова