Фудбал
„Ремонт“ во Јуве – Манџукиќ заминува, доаѓа Милинковиќ – Савиќ , се враќа Погба
Италијанските медиуми известуваат дека Јувентус започнува радикална обнова со цел конечно да ја освои Лигата на шампионите. Челниците на Јуве со тоа што ќе донесат неколку мега – засилувања, се подготвуваат да отпушта неколку ѕвезди. Пред сите тоа треба да биде Манџукиќ, кој има 32 години и по три сезони во Јуве, тој треба да го напушти клубот. Не е извесен ниту Гонзало Игуаин, иако пред две години за него беа одвоени рекордни 94 милиони евра.
„Corriere dello Sport“ открива дека двата незаменливи напаѓачи, Јувентус ќе се обиде да ги замени со Алваро Мората. Шпанецот помина две одлични години во Јувентус, откако во 2016 година беше купен од страна на Реал, а сега треба да дојде на позајмица од Челзи. Јувентус би платил 15 милиони евра, додека за да го купи фудбалерот ќе мора да плати 40 милиони евра.
Покрај тоа, Јуве нападот би го зајакнал со Кавани. Најдобриот стрелец во историјата на ПСЖ, исто така, има одлични спомени од Италија, поточно од Неапол. Италијанците сметаат дека ПСЖ ќе го продаде за 60 милиони евра.
Јувентус не ја крие желбата да го врати Пол Погба, на кој не му оди најдобро откако пред две години, за тогаш рекордни 105 милиони евра го замени Јувентус со Манчестер Јунајтед. Италијанскиот шампион, и тука размислува за двогодишен заем со можност за откуп. Проблемот е во тоа што Погба заработува девет милиони евра годишно во Јунајтед, но Јуве се надева дека ќе се согласи на нешто пониска плата ако е среќен. „Ова може да изгледа како невозможна мисија на хартија, но Мино Раиола честопати го прави истото што и Том Круз“, пишува „Tuttosport“, кој очигледно верува дека семоќниот супер агентот кој го претставува Погба може да го направи тоа.
Сергеј Милинковиќ – Савиќ е нов „капиталец“ од средниот ред и Јуве го сметаат за идеален играч за подобрување на квалитетот на тимот. Савиќ одигра одлична сезона за Лацио, а средниот ред со, Пјаниќ, Погба и Емре Џан ќе биде на највисокото достигнување.
Меѓутоа овде најголемата пречка не е обесштетувањето од 90 милиони евра, бидејќи Јувентус финансиски стои одлично, отколку тоа што претседателот на Лацио, Лотито од друга страна не го поднесува колегата Ањели и спортскиот директор на Јувентус, Марота.
Но, Матеја Кежман, агентот на играчот од средниот ред кои го сакаат многу гиганти, изјави за „Calciomercato“
„Интересот Сергеј е огромен. На пазарот за фудбалери никогаш не знаете што ќе доноси нов ден и што може да се случи“.