Connect with us

Фудбал

Ремс на маки поради Меси, доби премногу новинарски барања

Аргентинскиот репрезентативец Лионел Меси в недела треба да дебитира во дресот на ПСЖ.

Меси не беше доволно подготвен да игра во првите две кола од Лига 1, но неговото деби во дресот на ПСG беше најавено во неделата против Ремс.

Ремс ќе има голема чест да биде домаќин на еден од најдобрите играчи на сите времиња, а во исто време им зададе и главоболка.

Имено, дури 122 новинари поднеле барање за акредитација, односно за присуство на стадионот „Август Делон“.

Претходниот рекорд беше кога гостуваше и ПСЖ, а тогаш го имаше Дејвид Бекам во тимот. Во тоа време имаше 113 новинарски барања.

Од Ремс рекоа дека е првпат во својата историја да примаат барања од новинари од Вашингтон пост, Форбс, аргентински медиуми и медиуми ширум светот.

Сите само сакаат да бидат дел од тој спектакл и моментот кога Меси за првпат игра за друг клуб, а тоа не е Барселона каде претходно мина над 20 години и освои 34 трофеи.