Други спортови
Рено ги испраќа вработените на привремен одмор
Францускиот тим на Формула 1, Рено, испрати голем број на вработени на платен одмор до крајот на мај.
Рено одлучи да ги испрати повеќето од вработените во британската филијала во Енстон на платен одмор, што значи дека ќе добиваат 80 проценти од својата плата. Дел од парите ќе бидат обезбедени од Французите, а остатокот од британската влада.
Вработените во производство на автомобили во фабриката Вири-Чатилон се на пола работно време од 6 април, а мерката ќе трае до крајот на јуни.
Инаку, работниците беа привремено отпуштени од Мекларен, Вилијамс и Расин Поинт пред Рено заради пандемијата на коронавирус.
Според најновите информации, сезоната во Формула 1 е поставена да започне на почетокот на јули со две трки на рингот на Ред Бул во Австрија.