Connect with us

Фудбал

Репрезентацијата на Мароко дома пречекана како светски прваци (ВИДЕО)

Селекцијата на Мароко на штотуку завршеното СП го освои четвртото место. Во полуфиналето загубија од Франција, а потоа во битката за бронзата беа поразени од Хрватска. Сепак, имаат за што да бидат горди. Тие го постигнаа најголемиот успех во историјата на нивната земја, но не само тоа, туку влегоа во историјата на светските првенства како прва селекција од афричкиот континтент која стигнала до полуфинале. Мароко е навистина хит на СП во Катар и заслужија ваков пречек.