Фудбал
Реприза од првиот натпревар помеѓу Ливерпул и РБ Лајпциг
Двата натпревари од осминафиналето помеѓу Ливерпул и РБ Лајпциг се одиграа во Арената Пушкаш во Будимпешта и завршија со идентичен резултат.
Откако „црвените“ го добија првиот натпревар со 0:2 и вечерва славеа со 2:0, овој пат како номинални домаќини.
И вечерва двата гола ги постигнаа играчите на тимот од Англија во второто полувреме, а интересно, редоследот на стрелците беше идентичен.
Во 71. минута Мохамед Салах погоди за водство, а три минути подоцна победата и пласманот во четвртфиналето ги потврди Садио Мане.
РБ Лајпциг исто така имаше свои шанси во текот на натпреварот, но за разлика од англиската Премиер лига, каде одбраната на Ливерпул честопати кикснуваше, во Лигата на шампионите успеаја да ја зачуваат мрежата.