Connect with us

Фудбал

Револуција во фудбалот, стигнува портокалов картон, ќе го покажува четвртиот судија!?

Меѓународниот одбор за правила на фудбалот (ИФАБ) потврди дека покрај црвените и жолтите картони, најверојатно наскоро во фудбалот ќе дојдат и портокаловите картони кои носат привремени суспензии. Имено, идејата за суспендирање на играчи поради тактички прекршоци и општо недолично однесување беше дискутирана и поддржана од ова здружение на годишниот деловен состанок во Лондон. Ова го потврди претседателот на Судискиот комитет на ФИФА, Пјерлуиџи Колина, кој е во техничкиот комитет на ИФАБ, и рече дека предложените тестови ќе бидат вклучени и на професионално ниво.

Оваа промена на правилата и нивно тестирање ќе биде препорачана во март на собранието на ИФАБ во Глазгов, а според информации блиски до носителите на одлуки, најверојатно ќе биде одобрена. Во спротивно, портокалов картон би значел исклучување од неколку минути, веројатно десет, по што казнетиот фудбалер би се вратил на теренот.

Интересно е што портокаловиот картон нема да го покаже судијата на теренот, туку ќе биде означен на електронската табла на четвртиот судија на теренот. Според информациите кои доаѓаат од Лондон, тестирањето на новите правила би можело да започне во Премиер лигата веќе во сезоната 2024/25.