Ракомет
РФМ и Брестовац ја прекинаа соработката
Ракометната федерација на Македонија денеска излезе со соопштение во јавноста дека е прекината соработката со тренерот Данило Брестовац.
„Ракометната Федерација на Македонија би сакала да ја извести јавноста дека македонската куќа на ракометот и г. Данило Брестовац, на 26 јануари 2021 г., взаемно се спогодија да ја прекинат соработката околу ангажманот на машките ракометни сениори“, стои во соопштението на РФМ
Данило Брестовац ја извршуваше оваа функција во период јуни 2019 – јануари 2021 година.