Фудбал
Рикардо казнет со три места на стартот за Гран при на Австралија
Австралиецот Даниел Рикардо со Ред Бул беше казнет да стартува со три места поназад во неделната трка за Големата награда на Австралија.
Рикардо, кој се стреми кон прв пласман на подиумот во трката на домашна земја, беше санкциониран бидејќи не ја намалил доволно брзината при истакнување на црвеното знаме поради остатоци на патеката за време на втората слободна тренинг сесија.
Квалификациите за Гран при на Австралија во Мелбурн ќе се одржат утре.