Connect with us

Други спортови

Рикардо нема да ми недостасува, ние ќе му недостасуваме нему

Пилотот на Ред Бул, Макс Верстапен, смета дека во иднина тешко би имал колега каков што беше Даниел Рикардо, кој од оваа сезона ќе вози за тимот на Рено.

Австралијанецот на големо изненадување за многумина реши да го напушти австрискиот тим и да потпише за понеконкурентниот Рено кој сигурно во наредните години нема да биде кандидат за освојување на круната. На негово месо, во Ред Бул ќе го замени Пјер Гасли, кој дојде од тимот на Торо Росо.

  • Со сигурност нема да ми недостасува, но ми беше забавно кога беше до мене, како тимски колега. Тоа е нешто што не се случува често и можеби нема никогаш повеќе да имам таков тимски колега. Дали ќе ми недостасува? Мислам дека на Даниел повеќе ќе му недостасува Ред Бул, отколку тој на нас, изјави Верстапен кој би можел брзо да го промени мислењето, бидејќи недисциплираниот Гасли за кус период би можел да направи проблеми во тимот, што беше случај минатата година во Торо Росо.

Холандскиот талент исто така ги пофали механичарите на Хонда кои во иднина ќе произведуваат мотори за „биковите“.

  • Нивниот пристап како и плановите се целосно поинакви во однос на тоа што се навикнаа во тимот на Рено. Иницијативата произлезе од нас и обично ја игнориравме. Сега ситуацијата е поинаква, Хонда притиска да доставиме делови покрај менувачот. Сакаат да тестираат, тестираат и тестираат, нагласи Верстапен и воедно испрати уште една отровна стрела кон поранешниот партнер и новиот производител на Даниел Рикардо.