Фудбал
Рим во проблеми: Олимпико без публика?
Рим ќе биде еден од градовите домаќини на претстојното ЕУРО.
УЕФА му даде рок на 19 април на Рим да ја дефинира ситуацијата во врска со присуството на гледачи на трибините на „Олимпико“, но италијанската престолнина сè уште не разгледала дефинитивно која идеја ќе биде најдобра.
Првата опција е да има 10 000 гледачи на стадионот, што би било „сиромашно“ со оглед на капацитетот на „Олимпико“.
Опцијата 20.000 е исто така во игра, но се чека состанок на здравствената организација во Рим.
„Би било пожелно УЕФА да ни овозможи малку повеќе време, бидејќи е тешко да се направи прогноза за настаните што ќе се случат за два месеци”, изјави за италијански „РАИ“ Франко Локатели, владин советник.