Поврзи се со нас

Фудбал

Ристовски гледа кон Русија

Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски, кој е во гавга со тренерот на Спортинг Лисабон, најверојатно наскоро ќе ги смени клупските бои. Според информациите од Португалија најреалната опција за него е Русија. Динамо и Спартак Москва се клубовите кои се спомнуваат како заинтересирани за неговите услуги.

Во поголемиот дел од Европа преодниор рок е завршен, но не и во Русија. Во моментов Ристовски е со македонската репрезентација која утре игра против Грузија во рамките од Лигата на нации.

 

Advertisement