Фудбал
Ристовски: Недостатокот на публика ќе биде проблем, но досега се навикнавме да играме во новите услови
Скопје, 4 септември 2020 (МИА) – Репрезентативецо на фудбалската репрезентација на Македонија, Стефан Ристовски пред утрешниот дуел со Ерменија во Лигата на нациите на официјалниот прес пред дуелот изјави дека распоредот е густ, но нема многу причини да се бара алиби за лоши резултати.
– Што е тука е. Нè чека нов циклус во Лигата на нации кој ќе се одигра во посебни услови предизвикани од коронавирусот. Сите се сеќаваме на последниот пораз во Ереван и тоа ни е мотивација да одиграме подобро на овој натпревар на домашен терен. Недостатокот на публика ќе биде проблем, но досега се навикнавме да играме во новите услови, истакна Стефан Ристовски.
Натпреварот Македонија – Ерменија се игра утре од 15:00 часот на Националната арена „Тодор Проески“.