Connect with us

Фудбал

Ристовски: Некои работи се случија во репрезентацијата, не сакам повеќе да зборувам за тоа

Стефан Ристовски го нема во националниот дрес. Тој вели малку му е чудно тоа, особено бидејќи е навикнат паузата во клубовите да ја користи за пат кон татковината и настап за националниот дрес. Сега, тоа не е така. Останува во Загреб, во Динамо и ги чека првенствените мечеви, бидејќи вели сега е само играч на Динамо. Тој во интервју за Вечерњи лист изјави дека веќе кажал тоа што имал да го каже и повеќе не планира да зборува на оваа тема.

– Навистина ми е ново, малку чудно, има пауза и веќе размислувам за патот, натпреварот со репрезентацијата, а сега се смири, така се случи, сега сме само играчи на Динамо. Сакам да бидам посветен на Динамо и ми требаше пауза. Некои работи се случија во репрезентацијата, но не сакам повеќе да зборувам за тоа.