Фудбал
Ристовски во „војна“ со тренерот, заминува во тимот на „вистинскиот Роналдо“?
Португалскиот „О Жого“ објави дека македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски е пред заминување од Спортинг Лисабон. Како што тврди овој медиум, тренерот Рубен Аморим не е задоволен од неговото залагање на тренинзите, па го исфрлил од тимот, односно не го сметал за претходните средби. Ристовски наводно бурно реагирал, по што дошло до конфликт вербален, кој завршил со отстранување од тимот.

Најверојатно поради ова Ристовски ќе биде продаден, а како заинтересирани се спомнуваат турски Бешикташ и шпанскиот Ваљадолид. Колку за потсетување, сопственик на Ваљадолид е бразилската фудбалска легенда Лус Назарио да Лима Роналдо.