Фудбал
Ривалдо ја шокираше јавноста, не сакал да оди на погребот на Пеле: Не бев во Бразил, а и да бев немаше да одам!
Повеќе од 230 илјади луѓе го испратија легендарниот Пеле во вечното почивалиште, меѓу нив немаше неколку извонредни ѕвезди на бразилскиот фудбал како Нејмар, Зико, Кака, Роналдо и Ромарио.
Тие не се појавија на бдеењето и поради тоа беа нападнати од локалната јавност.
Легендарниот фудбалер на Барселона и светски шампион од 2002 година, Ривалдо го објасни своето отсуство.
„Би сакал да ги разјаснам работите што се појавија во медиумите. Зборувам само за себе. Не бев во Бразил, а и да бев, не сум сигурен дека ќе одев на погребот, иако знам дека Пеле беше најдобриот на сите времиња.“ беше искрен Ривалдо.
Прославениот ас ја објасни својата одлука.
„Не сакам да оддавам почит по смртта, но немам ништо против луѓето кои сакаат да го прават тоа. Го сретнав Пеле, седев со него неколку пати и имав можност да му оддадам почит кога беше жив“, вели Ривалдо и додава :
„Му покажував наклонетост и љубов во секој момент и секој пат ми се заблагодаруваше за тоа. Никој нема да ги промени почитта и восхитот што го имав и продолжувам да го имам, иако не отидов на неговиот погреб.
Ривалдо истакна дека неговата совест е чиста.
„Најголемата чест се дава во текот на животот и тоа го научив“.