Connect with us

Ракомет

РК Струга подобра од Металург 2 во баражот за Суперлигата

Ракометарите на Струга обезбедија место во елитното ракометно друштво за наредната натпреварувачка сезона. Тие вчеравечер во бараж натпреварот што се одигра на неутрален терен во салата „Јасмин“ во Кавадарци, го победија Металург 2 со 32:24.

РК Струга по пауза од 15 години се враќа Суперлигата.

Младеновиќ со 6 голови беше најпрецизен во победничкиот тим, а 5 голови додаде Смилевски.

Кај Металург 2, Тренчевски беше реализатор на 10 погодоци, Башевски постигна 7, а Кузманоски 6.

Во Суперлигата покрај Струга, порано пласман обезбеди и Бутел.