Connect with us

Ракомет

Вардар без најсилното „оружје“ против Нексе и ПИК Сегед, публиката?!

Ракометниот клуб Вардар најверојатно мечевите против Нексе на 15-ти март, реванш во СЕХА лигата и првиот дуел во Скопје на 22 март против ПИК Сегед во ЛШ ќе ги одигра без публика.

Комисијата за заразни болести препорача, а во текот на денот се очекува Владата да ги прифати препораките за забрана за масовни собири, а спортските мечеви да се играат без публика во наредните 14 дена како превенција од ширење на коронавирус.