Други спортови
Роџер Федерер во нова улога
Роџер Федерер доби нова улога.
Покрај богатата и импресивна тениска кариера, Роџер ќе биде амбасадор на неговата земја во наредниот период.
Тоа е туристичка и спортска презентација на Швајцарија, и како еден од најголемите спортисти на сите времиња во оваа алпска земја, ова е секако вистинскиот потег на Швајцарецот.
„Секогаш кога ќе се спомене моето презиме, покрај него е знамето на Швајцарија. Горд сум на тие 22 години што играм тенис и секогаш ќе биде така. Ова е голема чест за мене“, рече Федерер.