Фудбал
Рог го напушта Наполи, во трка влегува и Шалке
Трансферот во Наполи за хрватскиот фудбалер Марко Рог не се испостави како вистински потег.
Откако во 2016. година Динамо го замени со Наполи, младиот офанзивец во новиот клуб не доби многу шанси, па не е исклучена можноста во потрага за поголема минутажа да ја промени средината.
И покрај минатогодишната минутажа за Рог не недостасува интересот на пазарот. Италијанските медиуми пишуваат дека неговиот потпис го сакаат Фиорентина и Каљари, а опција е и заминувањето во Германија, поточно во Шалке кој сака да го доведи на позајмица со задолжителен откуп на крајот од сезоната.
Од друга страна, во Наполи и не се за тоа. Проблемот е во тоа што претседателот на клубот Аурелио Де Лаурентис сака да додаде клаузула која го вклучува враќањето на Рог во Италија доколку игра добро во Шалке, па така целата работа се искомплицира.
Рог до сега за Наполи има 67 настапи, постигна само два гола, а исто толку и асистенции. За неговите услуги Наполи плати 10 милиони евра на Динамо.