Фудбал
Рој Хоџсон се враќа во Премиер лигата
Еден ден откако го отпушти Клаудио Раниери, Вотфорд за нов менаџер го назначи легендарниот Рој Хоџсон.
На поранешниот селектор на англиската репрезентација му се придружува неговиот доверлив помошник Реј Левингтон, кој беше првиот тренер на Вотфорд од 2002 до 2005 година.
Хоџсон ја водеше репрезентацијата на Англија на Евро 2012, Светското првенство 2014 и Европското првенство 2016 година и има богато искуство како тренер на англиски клубови. Го предводеше Фулам со кој успеа да ја освои Лигата на Европа.
Ги водеше и Ливерпул, ВБА и Кристал Палас, а работеше и со Малме, Интер, Копенхаген и Удинезе, а ги водеше и репрезентациите на Швајцарија, Обединетите Арапски Емирати и Финска.
Хоџсон и Левингтон веднаш ги започнуваат подготовките за следниот натпревар на Ватфорд во Премиер лигата, кој ќе биде гостување кај Барнли на 5 февруари.