Други спортови
Ролан Гарос ќе се игра на крајот на септември
Организацијата „Ролан Гарос“ објави дека овој престижен гренд слем ќе биде преместен кон крајот на септември.
Тенискиот турнир во Париз беше закажан за крајот на мај, но беше решено да се игра од 20 септември до 4 октомври оваа година.
Причината, се разбира, е пандемијата на коронавирусот во Европа, а претходно АТП и ВТА ги откажаа сите турнири планирани во март и април.
Изгледа дека нема да гледаме тенис најмалку два месеци, но многу ќе зависи од самата вирусна пандемија, дали ситуацијата ќе се подобри во наредните недели.
Титулите на Ролан Гарос ги бранат Рафаел Надал и Австралиецот Ешли Барт.