Connect with us

Фудбал

Рома бара спас во Македонецот

Најтиражниот спортски весник во Италија, “Газета дело Спорт”, ја пласираше и информацијата дека калчолигашот Рома е сериозно заинтересиран за услугите на репрезентативецот на Македонија и капитен на најтрофејниот хрватски клуб, Динамо (З), Аријан Адеми.

Истиот медиум пишува дека римската “волчица” е подготвена да одвои околу 4 мил. евра за обесштетувањето на 27-годишниот играч за врска кој би требало да биде потребното освежување во средниот ред.

Поради ограничениот буџет кој е планиран за време на зимскиот преоден рок, челниците на Рома се убедени дека трансферот на Адеми ќе биде идеално решение. Сепак, интерес за услугите на Македонецот покажа и градскиот ривал на Рома, тимот на Лацио, чии челници се подготвени да го исплатат обештетувањето кое го побараа раководните лица на Динамо (З).

Станува збор за обесштетување помеѓу осум и десет милиони евра, кое е прифатливо за актуелниот шампион на Хрватска кој одби такви слични понуди за време на летниот преоден рок. Поради сериозната повреда која ја заработи замената на Адеми, Иван Шуњиќ, предводникот на “модрите”, Ненад Бјелица, не сака ни да слушне за продажба на репрезентативецот на Македонија.