Connect with us

Фудбал

Рома договори тренер за следната сезона

„Не знам дали ќе бидам тренер на Рома следната сезона, знам само дека ќе бидам тренер на следниот натпревар. Остатокот ќе го видиме“, изјави неодамна Пауло Фонсека и се чини дека не згреши .

Ноќта кога Рома го нокаутираше Ајакс и се пласираше во полуфиналето од Лигата на Европа, Фонсека призна пред медиумите дека му се тресе столчето и дека постои голема веројатност тој да ја напушти клупата.

„Волчицата“ загуби во шампионатот и синоќа. На натпреварот со пет погодоци, Каљари стигна до нови три бода, ги зголеми шансите за опстанок, а Рома го доведоа во прашање пласманот во Европа.

Ден по поразот, медиумите на Апенините пишуваат многу за новиот тренер на Рома. „Corrire dello Sport“ наведува дека изборот паднал на искусниот Маурицио Сари.

Клучна улога во сè играше Фали Рамадани, менаџерот кој ги застапува интересите на поранешниот тренер на Наполи, Челси и Јувентус.

Рома веќе одлучи дека Сари ќе биде тренер, а деталите ќе бидат финализирани кога Рамадани ќе дојде во Рим и ќе има состанок со Тијаго Пинто. Тоа ќе се случи во наредните денови.

Семејството Фридкин го имаше последниот збор. Сопствениците на Ромите го избраа Сари заради неговио ентузијазам и способност да ја зголемат вредноста на младите играчи, бидејќи тој има меѓународно искуство и е во можност за кратко време да заземе работа.

Сари минатата сезона го предводеше Јувентус до деветтото по ред Скудето. Андреа Ањели го отпушти и како што стојат работите сега тој направи голема грешка затоа што Старата дама води конвулзивна борба за место во Лигата на шампионите.

Во меѓувреме, Фонсека одлучи да ги вложи сите свои билети во Лига Европа и полуфиналето со Манчестер Јунајтед. Сепак, како и да заврши дуелот, впечаток е дека пласманот во финалето нема да го спаси португалскиот стручњак.

По поразот од Каљари на три првенствени натпревари без полн плен, Вучица заостанува осум бода на четвртото место и јасно е дека освојувањето на Лигата на Европа останува единствениот начин за пласман во Лигата на шампионите следната сезона.